fbpx
25.8 C
Skopje

Иниеста: Се надевам дека ќе останам во Барса

АКТУЕЛНО

Еден од главните носители на играта на каталонскиот клуб Барселона, Андрес Инисета, сеуште го нема продолжено договорот, но најави дека не размислува за напуштање на клубот.

„Сакам да играм само за Барселона. Подобро 10 минути овде, отколку поголема минутажа во друг клуб. Се уште не размислувам за пензионирање“, изјави Иниеста.

Тој додаде дека и во иднина се надева дека ќе продолжи неговата соработка со каталонскиот гигант.

„Се надевам дека ќе останам во Барса како мој единствен клуб. Кога ја започнуваш својата кариера не знаеш каде ќе те одведе патот, а моја единствена цел беше да освојувам титули, тоа го остварив овде“, заклучи искусниот шпанец.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -