fbpx
27.8 C
Skopje

Интервју со Тимур Дибиров: ГО САКАМ СКОПЈЕ, ГО ЗАПОЗНАВ ЦЕЛ ГРАД

АКТУЕЛНО

Лав на теренот, максимално се вложува во секој натпревар и поради тоа стана миленик на скопската спортска јавност, особено на навивачката група „Комити“ – вака скопскиот весник „ Скопско Ехо“ го опишува ракометарот на Вардар Тимур Дибиров во воведот на интервјуто.

Интервјуто ви го пренесуваме во целост:

 

Кога ќе си кажете Скопје – кои мисли или слики први Ви се појавуваат?
– Многу го сакам Скопје, некако ме освои уште при доаѓањето. Луѓето најмногу, тој менталитет, тука има многу добри луѓе. Задоволен сум од мојот живот тука. Прво што помислив кога дојдов, пред четири години беше дека сум го направил најдобриот и најправилен чекор во кариерата. Имав среќа да дојдам да играм за „Вардар“. Секој ден се будам со мислата колку е убаво што сум овде и среќен сум дека го направив вистинскиот потег во мојата кариера.

 

Што Скопје Ви даде вам?
– Ми даде прекрасно место за живеење за мене и моето семејство. Но, посебно
сум фасциниран од поддршката на нашите навивачи, на комитите. Пресреќен сум дека играм за Вардар, кога ќе ги видам навивачите како без резервно ми ја
даваат поддршката, секогаш, на секој натпревар. Тоа за мене многу значи. Во
навивачите ја гледам големината на еден тим. „Вардар“ е огромен тим за кого
чукаат многу срца, а тоа посебно ме радува. Има голема љубов помеѓу навивачите и играчите.

 

Што му дадовте Вие на Скопје?
– Моите игри во „Вардар“ и успесите кои што клубот ги постигна, се за Скопје. Нашите успеси, европски шампиони, освојување на СЕХА лигата, се е тоа за Скопје и за граѓаните на Скопје кои несебично не бодрат на секој наш натпревар.

 

Што би издвоиле во градов?
– Има многу места каде како семејство можеме да одиме, како јас и Ирина така и нашите деца, Мурат и Ирина. Многу ми се допаѓа Зоолошката градина и порано, до раѓањето на Тиана често одевме таму, како и на Водно каде сме и секогашкога имаме време. Но, сега, бидејќи Тиана е малечка (на крајот на мај наполни една година) најчесто одиме во парк. Но, често сме и во Македонското етно село. Таму многу ни се допаѓа, и амбиентот и храната.

 

Го истраживте ли целиот град?
– Мислам дека го знам цел град. А морам да напоменам дека многу ми се допаѓа, сите населби ми се допаѓаат. Имам многу обврски со тренинзите и патувањата, но градот го запознав затоа што во една населба имам омилено кафуле, во друга сум редовно на ручек на пример, или имам некоја друга обврска, така што завршувајќи ги моите обврски го запознав цел град.

 

Планирате ли да останете во Скопје?
– Па…од септември Мурад ќе тргне во градинка, обична во какви одат и другите
деца. Сакаме да не се одвојува од другите деца туку безгрижно како сите други
деца да си го минува детството. Засега се’ не врзува за овој град кој ни донесе
многу радости, многу пријатели…

Ирина, Мурад и Тиана се моето се.
Каде најмногу сакате да го минувате слободното време?
– Искрено, сега дома. Не верував кога ми говореа дека врската со ќерката е
нешто посебно, но со раѓањето на Тиана ја почувствував. Навистина, едвај чекам, после тренинзите да си дојдам дома и да бидам со семејството. Тие ми се се. Ирина, Мурад, Тиана се моето се. Се радувам на секој момент со нив. Секако дека излегуваме, си играме. Мурад е поголем и веќе покажува некои афинитети за спорт па често нешто играме. Но, доволно ми е само да ги видам и почуствувам и да се одморам.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -