fbpx
19 C
Skopje

Исчезна јужнокорејски брод со 24 луѓе кај брегот на Уругвај

АКТУЕЛНО

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека денеска кај брегот во Уругвај исчезнал бродот „Стел дејзи“ кој го користела јужнокорејската компанија, со 24 членови на екипажот.

Наведено е дека контактот со бродот е изгубен синоќе, последен што имал контакт бил еден член на екипажот кој испратил СМС во кој напишал дека водата навлегува во бродот.

Уругвајската поморска полиција покренала потрага по бродот кој појдел од Бразил на 26. март. Од официјалното минстерство на Јужна Кореја тврдат дека на бродот се наоѓале 16 Филипинци и осум државјани на Јужна Кореја. Бродот бил регистриран на Маршалските Острови

 

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -