fbpx
-7 C
Skopje

Исповед на студентка за нејзината врска со 9 години постар маж

АКТУЕЛНО

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Студентката Селест на 21-годишна возраст започнала врска со 9 години постар маж, по што вели дека единствената поука која ја извлекла била – цени си ја младоста!

Нејзината приказна се одвива вака…

„Никогаш не се сметав за посебно зрела жена, ниту планирав да се гледам со многу постари мажи, но кога се запознавме веднаш започнавме врска.

9-годишната разлика во годините не ни донесе недоразбирања, ниту желба за супериорност или комплекс на пониска вредност. Ме третираше рамноправно, а за се разговаравме како што го правев тоа со пријателите од факултет. Но, затоа што припаѓаме на различни генерации, и нашите интереси беа различни.

Секогаш се потпирав на своето логичко размислување. Ирационалното чувство на љубомора истовремено ме нервираше и одбиваше, но така се чувствував кога ќе сфатев дека тој има поголема контрола врз своите емоции, отколку јас врз моите. Заради тоа се чувствував како глупава средношколка.

Сепак, сфатив дека тој на 30 години има далеку поголемо искуство со врски отколку јас, сакал и изгубил неколку пати. Тоа неизбежно го зајакнало.

Младите луѓе се страствени и водени од емоциите, без оглед на тоа колку и да мислиме дека правиме нешто логички и промислено. Возрасните имаат пресметки и поголеми одговорности за кои треба да се грижат. Не се оптоваруваат со следење на русокоси на социјалните мрежи, ниту пак чувствуваат одговорност да одговорат на пораката во ист момент“.

Како тој ме воведе во работниот свет?

„Ми раскажуваше многу случки кои ми помогнаа да го разберам работниот свет. Ми рече дека кога сме млади и со зовриена крв имаме внатрешно чувство на самоконтрола, но веруваме дека можеме да ги постигнеме соништата.

Возрасните со тек на време стекнале надворешна контрола, морале да се соочат со некои падови во животот, што ги научило колку луѓето се всушност беспомошни.

Тој секој ден ми откриваше како академскиот успех понатаму ќе влијае на моето работно место, но неговите предвидувања ме плашеа, токму од таа причина што моето учење и разбирање за реалноста се случи многу порано отколку што требаше“.

Различни животни фази

„Постојат некои работи кои животните фази неизбежно ги носат, без оглед на тоа колку разликата во години е мала или голема.

Прво, како студентка сакам да раскажувам за своите идеали, теории и филозофии. Факултетот ми овозможува одлична платформа каде можам да запознавам нови луѓе и да разговарам. Тие теми не мора да бидат многу сериозни, но сметам дека ми прилегаат на годините.

За разлика од мене, него го интересираше единствено што се случува овде и сега. Веројатно тоа си оди со животната фаза низ која минуваш.

Кога ќе се разочарав од него, не можев веќе да разговарам. Одев кај пријателите кои ме пречекуваа со отворени раце.

Тогаш сфатив дека нашите теми и фантазии за достигнување на небото завршија.

Јас можам да одам во петок на работа, да преспијам кај пријателка, следното утро да излезам и да се подготвам за журка, да го поминам попладнето на пиво, да спијам помалку од 7 часа и сеедно – ќе имам енергија во недела да се разбудам свежа, подготвена за уште еден брз ден.

Тој, пак, тврди дека излегувањето во петок целосно ќе му ја исцрпи енергијата и ќе му треба цела сабота да се опорави. Затоа во текот на неделата легнува околу 23 часот.

Стравот дека залудно ќе си ја потрошам младоста ме тера повеќе да ги ценам и користам деновите за уживање. Иднината е неизвесна, па сакам времето да го искористам најдобро што можам.

Погледот на светот низ очите на возрасните ме научи вака да размислувам“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Доктор појаснува: Еве кога и како може да се заразите со Ковид-19 носејќи заштитна маска

„Колку почесто излегувате надвор и повеќе време поминувате во гужва, почесто треба да ја перете вашата заштитна маска или пак едноставно да ја фрлите...

Николов: Предвидуваме изградба на конзоли за пешаци на река Отиња.

За три години, локалната самоуправа предводена од СДСМ реализираше бројни капитални проекти, важни за унапредување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.Штип мора да...

Богојески распали по Груевски: Завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање

Оваа завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање... за стопирање на македонската интеграција во ЕУ... Но штом го чепнаа кај што го...

Венко Филипче со важна информација: Добивме 13.500 брзи тестови од Норвешка

Денеска добивме донација од 13500 брзи тестови од Норвешка, а 10000 од нив ќе бидат за Министерството за здравство. Оваа помош произлезе од потпишаниот...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...
- Advertisement -