fbpx
-3 C
Skopje

Иванов одржа предавање на престижната Оксфордска унија

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Основата на помирувањето е почитувањето. Тоа е обврска на вашата генерација, бидејќи вие сте генерација што живее глобално, секој ден сте во контакт со други култури, други религии. Сфатете дека другиот не сака да биде толериран, туку сака да биде почитуван, порача претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во своето предавање на престижната Оксфордска унија.

Како што информираат од неговиот Кабинет, говорејќи за предизвиците на современиот свет, претседателот Иванов пред студентите на Окфорд го истакнал македонскиот модел на соживот и почитување на различноста.

– Кај нас од секој пат владеела филозофијата на почит. Не сакам да ме толерираш, сакам да ме почитуваш. Почитувај ме во тоа што сум, за да тебе те почитувам. Ние шест века ги почитуваме муслиманите, затоа што и тие нас не почитуваат, рече македонскиот претседател.

Говорејќи за глобалните предизвици со кои се соочува светот, претседателот Иванов се осврна на тн. постсостојби отсликани во постдемократијата, посткапитализмот и постнационалната држава, како и за прашањето на миграциите што го нарече „современ номадизам“. Во моментов се случува нова голема преселба на народите, посочи македонскиот претседател.

– Низ Македонија поминаа милион мигранти во 2015 година. Ние колку што можевме им помагавме на тие луѓе. Но кога мигрантскиот бран почнаа да го користат терористи, екстремисти, да го користат луѓе кои дојдоа во Европа и ги направија терористичките акти кои почнаа од Париз, ние ја затворивме границата и кажавме дека право на азил имаат бегалци, а не економски мигранти. Бегалците се тие што бегаат од своите домови. Од нашиот регион речиси 1.000 странски борци отидоа во Сирија и во Ирак, а 60 отсто од нив се вратија. Од Европа околу 6.000 странски борци се отидени во Сирија. Тие сега се враќаат. Отишле како екстремисти, се враќаат како терористи. Ние бевме убедени дека можеме да ги дерадикализираме. Не. Се виде дека тие не можат да се дерадикалирираат, туку треба да се изолираат, рече претседателот Иванов.

Иванов резимираше дека на прагот на третиот милениум, моќта од државата мигрира кон заедниците, светот е се повеќе меѓусебно дигитално поврзан, а различноста од Истокот мигрира кон Западот, што ја наметнува потребата различните светови да учат едни од други за да се надополнуваат.

– Јас како поранешен професор, а сега претседател, се обидувам сите нови идеи да бидат применети и на регионално ниво, и на европско ниво, и кога имам можност, во Обединетите нации ги кажувам предизвиците на нашата генерација и обврската каков свет ќе ви оставиме вам. Затоа секој треба да има свој удел и да придонесува животот на целата планета да биде секој пат подобар, а не полош, рече претседателот Иванов.

Предавањето на македонскиот претседател го следеа студенти и професори од реномираниот британски Универзитет.

Иванов оствари средба и со претседателот на Универзитетот „Оксфорд“, Лорд Крис Патен.

Оксфордската унија била основана во 1823 година со цел да ја заштити слободата на говорот во Англија, а денеска претставува едно од најпрестижните студентски општества во светот.

Оксфордската унија била домаќин на многу светски лидери во повеќе области, меѓу кои американските претседатели Реган, Никсон и Картер, Сер Винстон Черчил, Алберт Ајнштајн, Џон Мејџор, сенаторот Берни Сандерс, Малком Џ, хуманитарките Малала Јусафзаи и Мајка Тереза, Далај Лама, Сер Елтон Џон, Мајкл Џексон, Морган Фримен и други.

Дебатите и предавањата на Оксфордската унија ги пренесуваат голем број реномирани светски медиуми, BBC, CNN, New Delhi TV, Russia Today (RT) и повеќето британските национални весници и меѓународни публикации, вклучувајќи ги Њујорк тајмс и Економист.

Во рамки на работната посета на Лондон, претседателот Иванов ќе оствари средба со спикерот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау и со спикерот на Горниот дом на британскиот Парламент, Лорд Фаулер. Македонскиот претседател ќе има обраќање во Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам хаус“ на тема: „Македонија, миграциите и безбедноста:научени лекции“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Имаат право да го мразат и ДПМНЕ и СДСМ: Се што kажа, денес е реалност, се што ќе каже за во иднина ќе стане...

Прочитај повеќе Имаат право да го мразат и едните и другите. И неговите, оние од ВМРО-ДПМНЕ кои ги создаде и кои во 90-тите се натпреваруваа...

Еkспертите предупредуваат: Ова е најголемата грешка која човеk може да ја направи по примањето на вакцината против Kовид-19

Вакцините против коронавирусот даваат надеж дека на глобалната епидемија конечно ќе ѝ дојде крајот, велат експертите. Сепак, тие предупредуваат дека луѓето никако не смеат да...

ТАЖНА ВЕСТ Имаше само 24 години: Почина синот на славнaтa манекенка koја пленеше со својата убавина

Тој тргна по стапките на својата славна мајка, која го магепса светот со својата убавина во 90-тите години, но според странските медиуми, страшниот пороk...

Најнова временсka прогноза за виkендот

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во западните делови од земјава ќе има услови за повремени врнежи од...

Најново: Во Грција ќе можат да влезат и неваkцинираните

Прочитај во продолжение Во никој случај нема да биде услов за некој да влезе во Грција, да мора претходно да прими вакцина, потенцираше министерот за...
- Advertisement -