fbpx
13 C
Skopje

Јавна покана за промоција на книгата “ЗАБРАНЕТАТА МАГИСТРАТУРА“

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

ЈАВНА ПОКАНА

 

Почитувани граѓани, сакам да испратам јавна покана за промоција на книгата со наслов „ЗАБРАНЕТАТА МАГИСТРАТУРА“

која ќе се одржи на 19 октомври 2017 година во хотел „Александар Палас“ во Скопје,

со почеток во 18 часот.

 

Со оваа покана, покрај целокупната македонска јавност, сите медиуми и сите

меѓународни претставници во Република Македонија, сакам да испратам лична покана

до следниве јавни личности да присуствуваат на промоцијата на книгата:

 

 

Зоран Заев – Премиер на РМ

Ѓорге Иванов – Претседател на РМ

Никола Груевски – лидер на ВМРО ДПМНЕ

Али Ахмети – лидер на ДУИ

Мендух Тачи – лидер на ДПА

Илија Димовски –Пратеник во законодавниот дом на РМ

Таки Фити – Претседател на МАНУ

Никола Јанкуловски – Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Димитар Богов – Гувернер на НБРМ

Милица Арнаудова Стојановска – Генерален директор во НБРМ на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност

Коста Митровски – Претседател на здружението на банкарството на РМ

Диомидис Николетопулос – Генерален извршен директор и претседател на УО на Стопанска банка АД Скопје

Тони Стојановски – Генерален директор за управување со ризици на Стопанска банка АД Скопје и заменик претседател на здружението на банкарството на РМ

Маринис Стратопулос  Претседател на надзорен одбор на Стопанска банка АД Скопје

Глигор Бишев – Генерален директор на Шпаркасе банка Македонија, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, поранешен долгогодишен генерален директор на Стопанска банка АД Скопје, поранешен заменик Гувернер на НБРМ, поранешен член на Управниот одбор на Агенцијата за санација на банки

Јово Вангеловски – Претседател на Врховниот суд на РМ

Зоран Караџовски – Претседател на Судскиот совет на РМ

Лилјана Спасоска – В.Д. Јавен обвинител на РМ

Катица Јанева – Специјален јавен обвинител

Оливер Спасовски – Министер за внатрешни работи

Драган Тевдовски – Министер за финансии

Билен Саљији  – Министер за правда

Борис Тунџев – В.Д. Директор на Агенцијата за катастар на недвижности на РМ

Васил Кузманоски – Претседател на Нотарската комора на РМ

Зоран Петрески – Претседател на Комората на извршители на РМ

Гордан Калајџиев – Претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ

До членовите на Советот за реформи во правосудството

 

Лична покана испраќам и до меѓународните претставници во РМ:

 

Н.Е. Џес БејлиАмбасадор на САД во РМ

Н.Е. Самуел Жбогар – Амбасадор на ЕУ во РМ

Н.Е. Томас Герберих – Амбасадор на СР Германија во РМ

Н.Е. Чарлс Герет Амбасадор на Велика Британија во РМ

Н.Е. Лоренс Оер – Амбасадорка на Р. Франција во РМ

Н.Е. Олег Шчербак – Амбасадор на Руската Федерација во РМ

Н.Е. Ваутер Пломп – Амбасадор на кралството Холандија во РМ

Н.Е. Матс Стефансон – Амбасадор на кралството Шведска во РМ

Н.Е. Карло Ромео – Амбасадор на Р. Италија во РМ

Краток опис на книгата:

 

Книгата „ЗАБРАНЕТАТА МАГИСТРАТУРА“ првично е пријавена како магистерски труд на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со наслов:

„Системски ризик и санација на банкарските системи – вовед кон паралелна приватизација во Република Македонија, со посебен осврт на „Стопанска банка“ А.Д. Скопје, улогата на правниот систем и институциите на државата“

„Systemic risk and remediation of the banking systems – introduction to parallel

privatization in the Republic of Macedonia, with special emphasis on „Stopanska Banka A.D. Skopje”, the role of the legal system and the state institutions”

 

Иако пријавените тези од овој магистерскиот труд беа успешно одбранети на Економскиот факултет на 26 декември 2014 година, сепак, целосното истражување во голем дел беше цензурирано и повеќе од преполовено. Од истражувањето се отстранија многу составни делови, истражувачки стории, пет студии на случај кои ги поткрепуваа тезите на истражувањето, како и сите материјални докази кои беа ставени како прилози на магистерскиот труд и студиите на случај, за кои сметам дека се од национално значење.

Во книгата е дадена теоретска и практична подлога на појавите на системски ризик и финансиски кризи во различни економии, политики и механизми за справување со системски ризици и финансиски кризи, политики и модели за враќање на солвентноста во економијата, банкарски санации во повеќе земји од светот со различен степен на финансиско-правна и политичко-демократска развиеност (компаративни анализи – од најразвиени земји до транзициони економии), како и санацијата на банкарскиот систем во Република Македонија и улогата на целокупниот правен систем и институциите на државата преку анализа на повеќе студии на случај од македонската економија.

 

Конкретно, се работи за книга која опишува делови од процесите на македонската транзиција и фамозната приватизација, поточно на еден феномен кој во книгата е дефиниран како „паралелна приватизација“ во Република Македонија која се појави како резултат на санацијата на банкарскиот систем по нејзиното осамостојување, слабите правно-судски институции и основањето на Aгенцијата за санација на банки, која го презеде управувањето со повеќе од 400 општествени  претпријатија.

Или како што ќе каже еден народен пратеник во законодавниот дом: „…Синонимот на македонската трагедија во овие дваесетина години…“

 

Иднината останува на младите, а тоа не значи и нe подразбира наше исклучување од сегашноста, ниту какви било опструкции за истражување на минатото.

 

Со почит,

Александар Попоски

04.10.2017 година

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Сeстратa нa Тоше 14 години прави една иста работа на овој ден од овој детаљ на роденденската торта ќе ви надојдат солзи (Фoто)

Да беше жив денеска најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески ќе наполнеше 40 години. Како и секоја година ова е еден од двата најтажни денови...

ХОРОСКОП Љубов: ќе бидете одвоени од партнерот

ЉУБОВ: Ќе бидете одвоени од партнерот, но тој многу ќе ви недостасува. Ова ќе биде краток период. ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате. Бик (21.04 – 21.05) РАБОТА:...

Ни перде, ни срам: Среде бел ден kраде беkатон плочки (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како „граѓанин“ со охридски регистарски таблички среде бел ден си товари бекатон плочки во...

Ахмети за пописот: Албанците не може да бидат помалку од 25 %

Во интервју за гостиварската локална телевизија ТВ Глоби а на тема околу пописот во Република Македонија лидерот на ДУИ, Али Ахмети посочи дека сите...

НАЈНОВА ТАЖНА ВЕСТ: ДЕСЕТГОДИШНО ДЕТE НАЈМЛАДАТА ЖРТВА НА KOPOНАВИРУСОТ ВО ХРВАТСKА

Десетгодишно дете почина во текот на ноќва на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ во Загреб, како последица од koвид-инфекција. Момчето е најмладата...
- Advertisement -