fbpx
16 C
Skopje

Јосип Броз Тито – Диктатор или симбол на социjална правда и посигурен живот?

АКТУЕЛНО

Ниту 36 години по неговата смрт, нема усогласен став за Јосип Броз Тито. За некои тој е модератор, додека други го споредуваат со Хитлер. Проценките и дебатите околу Јосип Броз Тито е едно од прашањата за кое и левите и десните цврсто ги затвораат своите очи и не сакаат да уважат ниту минимум од противничките аргументи.

Македонското општество по повеќе децении од смртта на југослвенскиот лидер и маршал Јосип Броз Тито се уште не се ослободи од култот на личноста на Јосип Броз Тито која трае повеќе од 70 години. На балканот постојат две клучни прашања: Каде беше во 1991 година и кој е Јосип Броз Тито. На првото прашање секоја балканска душа има свој личен одговор, додека другото е малку покомплексно и потешко е да се даде вистински одговор.

Титовото водење на Југославија беше највискиот облик на хедонизам што светот досега го видел, а на кој можат да му позавидат дури и римските императори. Човекот има постигнато совршенство. Постои една приказна која вели дека во текот на една вечер, на шала, од Тито било побарано да чести вечера, а овој се изненадил и рекол дека нема пари. Што ќе му се пари? Па се и онака негово, не треба да плаќа. Вили по Јадранот, автомобили, авиони, жени, тенкови, Софија Лорен, Елизабет Тејлор, Арафат, Африка.. се џабе, потребен бил само телефонски повик.

Денес богатите се натпреваруваат кој има повеќе пари, јахти и автомобили. а Тито имаше се, но без пари. Ако ова не е хедонистичко совршенство, тогаш што е?

Во Југославија, во текот на целото свое постоење, од самиот почеток се му било подредено на Тито, од печатот па се до социјални, спортски и културни настани. Доволно е да се каже дека фудбалскиот куп како најмасовно фудбалско натпреварување во Југославија, се викаше „Купот на Маршал Тито“.

Секоја пролет, трчаа со штафети за измислен роденден на југослвенскиот лидер. Поточно, Тито не е роден на 25 мај, на „денот на младоста“, туку на 7 Мај, нешто што во Југославија намерно се премолчуваше.

Штафетата на младоста е уведена во 1945 година, а на иницијатива на Тито, настанот е преименуван како „денот на младоста“. Секој национален празник во бивша Југославија му беше подреден на Тито, од денот на Републиката, 29 ноември, до денот на борецот, па дури и Меѓународниот ден на жената 8 март.

Создавана беше атмосфера во која партијата може да згреши, но не и водачот, што најдобро може да се види во примерот со пресметката меѓу Тито – Ранковиќ (1966). Притоа се заборави дека токму Тито го создаде Ранковиќ и му ги довери во рацете, југословенската тајна служба, а потоа и УДБА, а не обратно.

Постојат огромен број на пример кои покажуваат што и да се случило во Југославија, зависело од зборот на Тито.

Познатата „Хрватска пролет“, пред тоа Голи Оток, а уште пред тоа, после Втората светска војна, масакрот во Блајбург, се всушност најдобрите сведоштва и најдобар доказ за карактерот на владеење на Јосип Броз Тито, кој некој денеска се уште го слави како голем лидер и визионер.

Тито никогаш не бил избран на демократски избори, а со земјата владеел 40 години, а во Уставот од 1974 година е прогласен за доживотен претседател на СФРЈ. За сето ова време, тој бил и шеф на комунистичката партија. Во првиот период од своето владеење, Тито бил немилосрден кон своите политички противници, а истите биле казнети со најдрастични мерки. Најдобар пример за тоа е прогонот на Голи Оток. Самиот факт што неговиот политички противник Милован Дилас поминал 9 и пол години во затвор, говори за тоа какви политички слободи имало во времето на Тито.

Нема потреба од иронизирање и исмејување на човечките животи преку статистичка споредба како што најверојатно и нема никакво оправдување за Голи Оток!

Потоа, колку ли судења биле извршени надвор од Судот и колку ли жртви во „неразјаснети“ околности биле ликвидирани, дискредитирани и деградирани поради политичката неподобност, во времето на „демократијата“ во Југославија?

За едни, Тито е симбол на социјална правда, посигурен живот, голем надворешен политички углед, а за други диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -