fbpx
-6 C
Skopje

КАДЕ ВОДИ ПАТОТ НА ВМРО

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Многу често  се поставува прашањето по кој пат да оди Македонија за да има подобра иднина, дали кон Запад и ЕУ  или кон Исток и Руската Федерација.

Ова прашање е многу значајно  за иднината на земјата, а и е една од основните разлики по кои идеологијата на ВМРО се разликува од останатите идеологии кои се пристуни на политичката сцена во Македонија.Додека сите останати се за неутралитет или Исток, идеологијата на ВМРО е за промовирање на западните вредности но во исто време задржувајќи ја автентичноста на македонскиот идентитет.

Многумина лажни  самопрогласени  “вмровци” тврдат дека треба да се оди кон исток, но тие не се и никогаш нема да бидат вмровци, затоа што се против основната вредност на  тоа што те прави  да бидеш врмовец , да си доследен на идеологијата  на ВМРО.

Почетоците на прозападната политика на вмровската идеологија започнуваат уште од самото основање и нејзино градење. Самата ораганизација секогаш своите весници ги издавала во западните земји, со своите акции и делувања секогаш сакале да го привлечат погледот на западниот свет кон Македонија, бидејќи токму таму како еден нејзин неразделен дел ја гледале и Македонија.Сите идеолози на организацијата биле исклучиво прозападно ориентирани.

Уште во далечната 1898 година, Борис Сарафов неформалниот лидер на Македонија и Македонците во тој период нуди помош на САД од 500 до 600 македонски борци кои би војувале на страна на САД во воениот конфликт во Куба, токму согледувајќи ги  со своето визионерство фактите дека токму САД е државата која може да помогне во остарувањето на идејата за автономна Македонија. Иако оваа понуда била разгледана со воодешевување од страна на фунцкионерот на САД , таа била одбиена бидејќи била непотребна, но сепак е доста значајна дека токму на овој начин Сарафов ги освојува симпатиите на подецнежниот клучен играч на Балканот, САД. Иако во тој период САД немал никакво влијание на политичката ситуација на Балканот, сепак ВМРО токму во неа го гледа гарантот за остварување  на нејзината идеја водилка во тој временски период.

Другиот интересен пример е по воспоставувањето на комунистичка Југославија, вмровците не чекале многу долг период пред повторно да се реорагнизираат во нова организација, ВМРО-СДРМА,во која определбата за западни вредности била  вкоренета во самото име на организацијата  Самостојна Држава Република Македонија под поректорат на Америка. Повеќе е и непотребно да се зборува за тоа каде иднината ја гледале вмровците  48 години по визијата на Сарафов за Македонија.

Па сега може слободно да им порачаме на сите оние кои се сметаат за “источни вмровци” дека треба да се бараат и пронајдат себеси во левите идеологии на во комунизмот, бидејќи ВМРО секогаш било прозападно настроено.

А може од еден краток историски  аспект да ја анализираме и односот која токму Русија го имала кон ВМРО.

Токму истиот Сарафов кој го спомнавме претходно, пред да  понуди помош на САД имал средба со руски дипломати. Истиве руски дипломати нудат помош само доколку востаниците не се борат и бидат под целосна команда на Русија.Оваа дрска и несоодветна понуда е веднаш најжестоко одбиена, по што Русија објавува војна на македонското ослободително движење.Ваквиот чин е доста значаен бидејќи само Русија била против организацијата, и токму притисоците на Русија ќе направат огромна и непоправлива штета, притисок поради кој ќе се случат низа на неповолни ситуации кои како круна ќе го имаат избрзаното и неподготвено востание во 1903 година.

Вториот чин е со Мајскиот манифест преку кој Русија повторно сака да го завладее и стави под своја контрола  македонското ослободително движење, на што ќе има повторно жесток негативен одговор, при што повторно ќе има низа на неповолни стиации кои ќе нанесат ненадоместлива штета по ВМРО, со убивањето на нејзинот најголем лидер Тодор Александров.

Од тука може да се согледа дека без разлика дали е со монархистичко или социјалистичко уредување Русија нанесувала само штета и била земја која се поставува како најголем противник на ВМРО.

Затоа и вмровецот никогаш не може политички да биде проруски настроен, што не значи дека културолошки не треба да го цени и почитува русинот, кој културолошки ние многу близок а политички многу далечен.

ВМРО секогаш е и ќе биде со прозападна идеологија, која Македонија ја гледа како дел од западниот свет, а притоа сочувајќи го македонскиот културен идентитет кој ќе го втемели како еден од темелите на Европа и западниот свет.

 

 

Пишува : Ојнак.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Најново: Во Грција ќе можат да влезат и неваkцинираните

Прочитај во продолжение Во никој случај нема да биде услов за некој да влезе во Грција, да мора претходно да прими вакцина, потенцираше министерот за...

Ви излезе жицата од градниkот – немојте да ја фрлате, секоја жена треба да го знае овој трик

Ако носите градници со жица, сигурно некогаш сте биле негрвозни откако жицата ќе ви излезе од градникот. Иако некои дами често таа жица веднаш ја...

Променила само една навиkа и ослабела 20 килограми: Дру Баримор открила како ја довела линијата до совршенство

На 45 години може да се пофали со совршена фигура, но патот до совршена линија не бил воопшто лесен, како што признава и самата. „Како...

Северина во чест на новиот претседател на САД: Слиkи кои kренаа голема прашина

Од денес САД имаат нов претседател – Џо Бајден. Последниот ден на Доналд и Меланија Трамп во Белата куќа истече и сега во неа...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...
- Advertisement -