18 C
Skopje

Како се прават американски палачинки? Лесен, а врвен рецепт

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Овој рецепт е вистински предизвик за сите љубители на палачинки. Погледнете како да подготвите Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт.

Состојки:

  • 200гр. брашно
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 супена лажичка прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/4 лажичка сол
  • 2 јајца
  • 250мл. млеко
  • 3 лажици зејтин

Начин на готвење:

  1. Ставете ги состојките во сад за матење и промешајте ги.
  2. Изматете ги јајцата, млекото и зејтинот во посебен сад и додајте ја течноста во садот со останатите состојки, матете се додека не добиете полугуста, смеса со сјај. Оставете ја смесата да отстои до 5 минути.
  3. Ставете не многу длабоко тавче да се загрее на среден оган и во него рамномерно распоредете една  кутлача од смесата да се пече.
  4. Палачинката ќе биде испечена од едната страна кога на површината на тестото ќе испукаат меурчињата. Тогаш превртете ја да се пече и од другата страна.
  5. Од количината на смесата би требало да добиете 7-8 палачинки.
  6. Внимавајте на температурата на печење која не смее да биде многу голема за да не ви изгорат палачинките.
  7. На крај послужете го овој пресладок десерт со чоколаден прелив и шумско овошје, јагоди, аронија или со крем, мед или џем со ореви, бадеми или лешници.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

УХМР предупредува: Останете дома, доаѓа невреме (Фото)

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека попладне, како и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,...

Што ДУИ ќе добие од владиниот колач доколку направи коалиција со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ?

Од PSE JO или зошто да не премиер Албанец до „Можеме уште повеќе, уште подобро“ има огромна разлика. Едните се препознатливи само по ветувањето...
- Advertisement -