fbpx
18.8 C
Skopje

Коњаниците утре тргнуваат за Крушево

АКТУЕЛНО

Илинденскиот марш 2017“ ќе стартува утре, 27-ми јули (четврток), во 17:30 часот од паркот Јане Сандански во Општина Аеродром, која е традиционално покровител на овој Коњички марш, а ќе заврши на 2-ри август во Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камилоски, се очекува на коњаниците да им го предаде општинското знаме, со што официјално стартува 39-от традиционален коњички марш што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Дваесеттина коњаници придружувани од фаланга составена од дваесетина членови, игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.

Пред свеченото испраќање на храбрите коњаници од Горно Лисиче, кои се на возраст од 18 до 65 години меѓу кои и една девојка, во црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се одржи свечена литургија, на која високи свештеници од Македонската православна црква ќе им дадат благослов на патот кон Крушево.

Пред испраќањето на илинденците ќе се организира свечена музичка програма каде ќе настапат познати македонски естрадни уметници.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -