fbpx
9.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Судот подлегна на политичките притисоци од СДСМ

АКТУЕЛНО

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека судот подлегна на политичките притисоци од СДС, не успеа да се издигне над заканите за реизбор на судии и не се спротистави ниту на поделбите кои ги прават преку медиумите блиски на СДС прогласувајќи одговорни и неодговорни судии.

– Секој што суди по закон, а не политички го прогласуваат за неодговорен, го прозиваат и станува предмет на закана.

 Судот од една страна отфрла силни аргументи на одбраната на ВМРО-ДПМНЕ и носи политичка одлука за мерки за претплазливост, а од друга страна го ослободува Заев во чист случај каде што е фатен жив како изнудува поткуп од 100.000 и е на слобода
, истакна денеска Орце Ѓорѓиевски.

СДС преку политичкиот привезок СЈО, посочи тој, гони стотина лица од ВМРО-ДПМНЕ, само затоа што им стои на патот на антидржавната и деструктивна политика.

– Ако постоеше правото и правдата немаше суд кој би му го вратил пасошот на Заев за дело како поткуп за мито од 100.000 евра. Затоа овој суд сега треба да одговори, по кој основ на ваков човек му беше вратен пасошот и е сега на слобода. Во тој случај судот не само што не ја спроведе, туку остана нем на понижувањата од Зоран Заев додека се сретнуваше со соработници на амбасадорите. Јавно говореше дека не го признава судот, не јавувајќи се на рочиштата, рече Ѓорѓиевски.

Според него, овие двојни аршини се лош пример за судскиот систем во државата. Одлуката на судот да ги одземат пасошите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, појасни, е гола политика, изнудена преку политички притисок.

– Конечно, со политичките притисоци кои ги прави врз судот, Зоран Заев нема да може да избегне од одговорот кој им го должи на граѓаните, а тоа е одговорот на најважното прашање: Kога планира да го смени името на државата, додаде Ѓорѓиевски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -