fbpx
-1.3 C
Skopje

Конструктивна критика

АКТУЕЛНО

Царовска : Штипјани треба да бидат горди што имаат можност да го изберат Сашко Николов за градоначалник

Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин од една страна , но уште поважно што може да го изберат за градоначалник. Тој...

Богоjeски со жестока порака до Милошоски и Апасиев:Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле

Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и...

Николов: Социјална правичност и еднаквост за сите штипјани

ПРВА ЛИНИЈА Home ИЗБОРИ Николов: Социјална правичност и еднаквост за сите штипјани December 1, 2020 13:10 Како иден градоначалник се обврзувам дека ќе продолжам да работам...

Бочварски: Државата ќе стане сериозен играч во однос на пазарот на гас

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека гасификацијата е еден од приоритетите на Владата и оти кракот кој поминува низ од Куманово,...

Кралица на човечката мудрост е критиката. Да се емитува, но пред се да се прифати како можност за тој што трпи.

Ако истото го имплементираме на политичката сцена, тоа би требало од една страна да предизвика процес за изградба на конструктивна критика и пренос на истата преку кредибилни носители, а од друга страна капацитет истата да биде прифатена и искористена за подобрување на поведението на управителите. Доколку емитувањето на критиката е проследено со предлог решение по прашањето на кое се однесува, таа станува можност публиката да добие реална слика за капацитетот на страната која има амбиција да ја преземе честа да управува. Доколку примателот на критиката внимателно се однесува кон истата, добива можност да ја подобри ефикасноста на управувањето, а публиката да констатира напредок и конструктивност.

На крај од денот, конечната придобивка паѓа на грб на Републиката, која е управувана од така разумна политичка елита.

Апликативно ова тврдење врз случајот на Република Македонија, означува дека ВМРО ДПМНЕ и својата коалиција се првата страна, а СДСМ и нивната коалиција втората страна.

Изградбата на конструктивна критика е комплициран процес кој бара стручност и компетентност во процесот на анализа и синтеза на информациите, на кои се базира истата. Констатираните пропусти бараат предлог решенија за санација од штетните последици.

Тогаш се отвара простор за пакетирање на производот – критика, кој пропратен со предлог решение станува кредибилен. Модерниот начин на комуникација со јавноста веќе не е прашање за дискусија. Нуди многу можности. Но кој е оној кој треба да го понуди производот на пазарот? Секако не лице кое јавноста не го перцепира! Предизвикот за ВМРО ДПМНЕ е да изгради кредибилни носители, по области или професионални презентери. И двете решенија ќе ја постигнат целта и производот ќе биде “купен” од публиката.

Едноставно кредибилна критика пренесена преку кредибилен презентер – “грми” во јавноста. Има магична моќ да ги насочи процесите. Слободно може да се каже дека има моќ да управува од позиција на опозиција. Судот на јавноста е нејзиниот пријател, а тој е тој кој одлучува кој ќе управува.

Ефективноста се мери согласно вниманието кое јавноста ќе го посвети на конкретен случај. Политичките актери обично практикуваат да емитуваат мноштво производи. Тоа ја чува јавноста будна, но ефектот е слаб. Мојата опција е пакетирање на силен производ кој во моментот на понуда на политичката сцена, ќе предизвика таков бран на емоции и внимание, бран кој ќе ја донесе новата алтернатива, бран кој ќе донесе извесност во одлуката на гласачите.

Секоја критика е да се укаже на вина, одговорност, сторено или не сторено. Но мора да биде пропратено со понуда да се санираат последиците со заеднички напори на власта и опозицијата. Доколку јавноста ја согледа искрената намера, ќе ја поткрепи истата. Токму од таа поткрепа зависи успехот на опозицијата.

За жал, денес многу малку стручната јавност дискутира за концептот на т.н. конструктивна критика.  Полемиката е целосно отсутна. Сведоци сме на “стручна” расправа за патриоти и предавници, полемика за рушење на спомен обележја, за забрана на критичкото мислење во државата, дури за забрана на опозицијата во земјата. Ако се земе во предвид современото општество, будноста на јавноста, присуството на меѓународната јавност, секако ќе биде констатирана оваа комична состојба во која власта емитува посилна критика кон опозицијата, притоа одбивајќи да ја преземе одговорноста за управувањето на државата. Таа критика е целосно во спротивност на вредностите на погоре напишаното. Но истото не е причина ВМРО ДПМНЕ да ги спушти своите практики и да возврати на тоа ниво. Напротив, тоа е мотив плус на дело да се спроведат принципите наконструктивната критика. Поведението на СДСМ прерасна во примитивни облици на практикување на власта. Но ние треба да се соочиме со трезвените граѓани кои веќе имаат изградено мислење за нашите активности од минатото. Со цел да биде прифатена нашата критика, мораме да покажеме капацитет прво да знаеме да ја прифатиме онаа упатена кон нас. Демократските промени во ВМРО ДПМНЕ и изборот на нов Претседател, отворија можност за желбата да се работи и да се подобри. Да се научиме да прифатиме секоја критика, потребно е, пред сè, да се утврдат границите на разумна интервенција во внатрешните работи. Секако дека ВМРО ДПМНЕ има и човечки и интелектуален капацитет и волја истото да го изгради.

Пред и се, капацитет да пакетираме конструктивна критика кон СДСМ. Да промовираме кредибилни носители на пораките. При тоа, нема потреба да се грижиме за капацитетот на СДСМ истата да ја прифати. Досегашната пракса покажа дека СДСМ има недостаток на таков капацитет. Јавноста е способна тоа да го препознае. Се разбира дека стоиме на располагање на власта да и помогнеме да практикува одредени правила на конструктивна критика, да биде во состојба да прифати аргументи и предлози. Да ги прифати критиките смирено и избалансирано. Да разбере дека  присуството на критиката е многу подобро од отсуството.

Подеднакво сме одговорни да го подобриме политичкиот систем во земјава. Чинители сме на општествените односи, а општествено прифатливото поведение е облигаторно за сите нас. Иако постојат моменти да се плашиме да се критикува, цензура истата да се емитува или прима, сепак политиката е поле за храбри личности. Храбри конструктивно да критикуваат, но храбри и конструктивно да трпат.

Во оној момент кога ќе бидеме во можност преку смирени тонови да дискутираме за најгорливите национални прашања, капацитет за конструктивен пристап кон различните аргументи и ставови, тогаш сите ќе бидеме 100% во право.

Пишува Петар Богојески, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Фото: Ова се браќата на Јелена Карлеуша кои умешно ги крие од јавноста

Kaрлеуша отворено зборува за многу приватни работи, лични проблеми, па дури и интимни нешта кои не се за во јавност, но своите браќа Иван...

Заев се огласи доцна во ноќта: Опасно, срамно и неодговорно е однесувањето на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Обидите да се блокира работата на Собранието, во услови на светска пандемија од КОВИД-19, не е политика. Тоа е опасно, срамно и неодговорно однесување. Очигледно...

Луѓето кои ќе одбијат да се вакциниираат ќе добијат низа забрани: Без потврда нема да може да посетуваат ресторани, кафулиња, кино сали

Британски министер порача дека луѓето кои ќе одбијат да се вакцинираат против коронавирус нема да може да се вратат во нормала, односно без потврда...

Царовска : Штипјани треба да бидат горди што имаат можност да го изберат Сашко Николов за градоначалник

Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин од една страна , но уште поважно што може да го изберат за градоначалник. Тој...

Апел до Шилегов од отец Оливер: Ве замолувам како родител, помогнете да го спасиме животот на Елизабета

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов не отстапува од новогодишното украсување на главниот град, иако голем број граѓани бараа истото да се откаже или барем поголем...
- Advertisement -