fbpx
11.8 C
Skopje

Љ. Јосифовски: Тито Петковски не поднесува конкуренција

АКТУЕЛНО

Поранешниот пратеник, Љубомир Јосифовски, изјави дека досегашниот и иден лидер на НСДП Тито Петковски, ја злоупотребил својата позиција. За „Фокус“ Јосифовски вели дека согласно статутот на НСДП секој член има право да бира и да биде избран.
„Јас поднесов кандидатура пред еден месец и истата беше поздравена од Тито Петковски и од органите на партијата. Кога се соочи со реалноста дека не може да биде избран одлучи да направи радикален чекор и денеска да ги изманипулира членовите на Централниот одбор“-тврди поранешниот пратеник.
Според Јосифовски денешната седница на Централниот одбор поминала тензично, откако тој се побунил затоа што членовите донеле одлука Петковски да биде единствен кандидат на Конгресот кој ќе се одржи на 13 мај. Петковски, вели тој, со притисок врз членовите издејствувал да донесат одлука која е спротивна на статутот на партијата. Тој додава дека Петковски ја злоупотребил својата позиција така што на Централниот одбор му ставил одлука за гласање во која само тој се предлага сам себе за единствен кандидат. Својот чекор го објаснил велејќи дека бил предложен од сите општински организации. Јосифовски вели дека Петковски ги мотивирал помладите да се кандидираат, но дека во првиот момент кога се појавил ривал, тој се исплашил. Потсетуваме дека Тито Петковски е на чело на НСДП откако партијата е формирана пред 13 години.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -