fbpx
16 C
Skopje

Легендата Меџик Џонсон нов претседател на Лос Анџелес Лејкерс

АКТУЕЛНО

Еден од најдборите кошаркари во историјата на овој спорт Меџик Џонсон е именуван за нов претседател на Лејкерси, задолжен за сите кошаркарски операции во тимот.

„ Денеска донесовме важна одлука, Ирвин Меџик Џонсон да го именуваме за нов претседател на клубот, тој ќе биде задолжен за сите кошаркарски операции. Истотака трае потрагата за нов генерален менаџер кој ќе соработува со Меџик и тренерот Волтон, и се надеваме дека за краток временски период ќе го пополниме тоа место. Сигурна сум дека со легендата Џонсон нашиот клуб ќе се врати на старите патеки и повторно ќе бидеме во игра за највисок пласман“,-истакна Џини Бас, ќерка на сопственикот на клубот Џери Бас.

Ирвин Меџик Џонсон кариерата ја започнува во 1979 во  Лос Анџелес Лејкерс, цела своја кариера ги бранеше боите на овој тим. Дефинитивен крај на својата блескава кариера стави во 1996.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -