6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Лидерот на СДСМ на средба со амбасадорот на Франција

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево имаше средба со амбасадорот на Република Франција во Р.Македонија, Кристијан Тимоние.

На средбата е заеднички констатирано дека од клучна важност за стабилноста на Македонија е развој на демократските процеси во државата и рестарт на европската агенда.

Претседателот Заев го информираше францускиот амбасадор за разговорите околу обезбедувањето мнозинство за формирање Влада.

„Работиме на обезбедувањето мнозинство и очекуваме дека ние ќе го добиеме мандатот да ја формираме новата Влада во Р.Македонија“, рече претседателот Заев.

Тој додаде дека мнозинската волја на граѓаните е промени и евро-атлантска иднина на државата и дека платформата на СДСМ е поставена водејки се од овие цели.

„Важно е Владата да се формира брзо и да биде реформска.Темел на платформата на СДСМ се извештаите на Прибе и на Европската комисија. Граѓаните избраа квалитетен живот, правда, еднаквост и новата Влада е должна да ги спроведе неопходните реформи, и во духот на демократијата да ја врати независноста на институциите“, рече претседателот Заев.

Претседателот Заев посочи дека СДСМ е определена кон решавање на сите прашања од интерес за граѓаните преку почитување на Уставот и законите, спротивно на беззаконието и кршењето на Уставот од страна на Ѓорге Иванов и на досегашната власт, како и дека клучот за стабилност на Македонија е развој на државата во праведно и правично општество со еднакви шанси за сите.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -