fbpx
23.8 C
Skopje

Лоша среќа доаѓа од внатре: Веднаш исфрлете ги овие 5 работи од вашиот дом!

АКТУЕЛНО

Имате впечаток дека веќе извесно време ништо не ви оди од рака и не знаете зошто е тоа така, внимателно погледнете околу себе.

Ако сакате од вашиот дом да излезе негативната енергија, а да влезат позитивните вибрации, избегнувајте ги следните 5 работи:

Огледало на погрешно место

Постои верување дека огледалото кое е свртено кон креветот може да создаде љубовни проблеми, затоа што тоа пропушта лоши надворешни влијанија и така го нарушува складот во еден брак или врска.

Бојата на влезната врата

Кога одбирате боја за влезните врата, фокусирајте се на страната на светот кон која е свртена. Црната доаѓа во предвид само доколку вратата се наоѓа во северна насока затоа што постои верување дека во спротивно таа привлекува несреќа.

Кактус

Остри и шилести предмети исто така носат несреќа во домот, затоа треба да се исфрлат сите такви билки, особено треба да им најдете ново место на кактусите.

Преместете го календарот

Ако календарот ви се наоѓа во близина на влезната врата, се верува дека тој доста влијае на животниот век на домашните, затоа што ја симболизира кратковечноста на животот.

Слика на бродолом

Класичен симбол на немир, кој може да влијае на однесувањето и енергијата на станарите.

Ако сакате вашиот дом да изобилува со позитивна енергија, внесете во него свежи свеќи, затоа што привлекуваат среќа, ставете врата во боја, наместете го мебелот во круг, затоа што таквото поставување помага за да има подобро струење на енергијата и ставете потковица над влезната врата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -