fbpx
21.8 C
Skopje

Љубчо Георгиевски: Груевски ги испра мозоците на нашиот народ, измислуваше се и сешто кое реално не постои во македонската историографија

АКТУЕЛНО

Кој прокоцка највеќе шанси за Македонија? Сега некој да ни каже: Ајде да потпишеме договор за име за меѓународна употреба, сите ќе го потпишат. Зошто тогаш ги испуштивме сите шанси, кога претходно воопшто не се разговараше за име за севкупна употреба, прашува екс премиерот на Македонија Љубчо Георгиевски.

Си го поставува ли некој прашањето каде ќе бевме ако бевме отворени и потпишевме еден таков договор, за кој реално ние сами себеси се кочевме?
ВМРО-ДПМНЕ имаат историја каде што еден нивни лидер, еден премиер од таа партија бил тој кој што прв го отворил ова прашање. Наместо да се повикуваат на тоа наследство, они се повикуваат на 11. годишното владеење кое создаде проблем. Факт е дека тие го искомплицираа проблемот, а не решија апсолутно ништо.

Не можам да го објаснам квазипатриотизмот кај одредени луѓе во ВМРО-ДПМНЕ, кога ги слушаме тие прават се за да го заштитат нивниот идентитет. Не можам да не цитирам една македонска телевизија која е критична против “предавниците“ која има концепт во кој имате филм „Битката на Неретва“, па имате „Ко то тамо пева“, па имате информативна емисија во која ни кажуваат колку се патриоти, па после пак даваат некој таков филм. Тоа е програма која е про-југославенска, нешто што беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ во 11 годишното владеење.

Георгиевски вели дека 11. годишното владеење на Груевски ги испрало мозоците на народот и се обиделе да направат вистинска “револуција“ во историјата, нешто што не постои во реалната македонска историографија, а за кое сега ни се смее целиот свет.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -