fbpx
2.4 C
Skopje

Македонија и Франција ќе ги зајакнуваат трговските врски

АКТУЕЛНО

Премиерот соопшти тажна вест: Со длабока тага изразувам сочусатво за загубата на нашиот првоборец

Со длабока тага го изразувам искреното сочуство за загубата на нашиот првоборец Раде Гогов. Гогов како млад партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ и...

Љубчо Георгиевски се огласи за интервјуто на Заев:Заев решава два-три крупни проблеми од државен аспект

Љубчо Георгивески, лидер на ВМРО Народна партија, е на став дека сите работи што ги кажал премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се...

Николов: 100 штипски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства

Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Денес, министерот за подобрување на инвестициска клима за домашните компании проф д-р. Зоран Шапуриќ и министерката за привлекување на странски инвестиции Зорица Апостолска, остварија средба со амбасадорот на Р. Франција Н.Е. Кристиан Тимоние и директорот на канцеларијата Business France со седиште во Атина, Пиер Лињо.

На средбата Н.Е Тимоние го истакна интересот на фрацуските компании за регионот и истовремено ги поздрави евро-атлантските аспирации на Р.Македонија и ја напомена поддршката од Р. Франција во тој процес.

Лињо од BUSINESS FRANCE-државна Агенција во Франција, која им помага на француските компании да бидат присутни на меѓународен план и им помага на меѓународните компании да инвестираат во Франција, го претстави претстојниот Економскиот Форум “ФРАНЦИЈА-БАЛКАН 2018”, кој ќе се одржи во Белград на 30-ти и 31-ви мај. Ова е 3 форум и е продолжение на процесите започнати од Берлинскиот процес и самитот во Париз.

На економскиот форум ќе присуствуваат компании од Франција заедно со уште 12 делегации и компании од земјите од регионот. Се очекува присуство на повеќе од 250 учесници, кои ќе бидат фокусирани на 5 сектори и тоа: агроиндустрија, инфраструктура, IT (нови технологии), енергетика со фокус на обновливи извори и туризам.

Економскиот форум ќе претставува одлична можност за македонските компании да ги претстават своите производи и услуги со цел да остварат бизнис партнерство и соработка со франциските компании. Учеството за македонските компании на Економскиот форум е бесплатно.

Н.Е. Тимоние ја истакна важноста на форумот во процесот на зајакнување на трговските врски помеѓу Франција и Македонија.

Министрите Шапуриќ и Апостолска се заблагодарија за можноста која им се нуди на македонските компании, и ја повторија заложбата на Владата на Р. Македонија изразена преку Планот за економски раст за стимулирање и поддршка на конкурентноста на домашните компании како и нивно вмрежување со странски компании.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Штотуку соопштени најновите резултати: Дури 3127 лица за само 24 часа се тестирани, 1022 од нив се позитивни на ковид 19

Во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 463, Куманово 30 , Дебар...

Премиерот соопшти тажна вест: Со длабока тага изразувам сочусатво за загубата на нашиот првоборец

Со длабока тага го изразувам искреното сочуство за загубата на нашиот првоборец Раде Гогов. Гогов како млад партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ и...

Љубчо Георгиевски: Ќе ги објавувам со име и презиме сите од ВМРО кои плукаат по Заев а зборувале многу за Бугарија

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен македонски премиер, Љубчо Георгиевски во интервјуто на ТВ 24 дебатираше за македонско-бугарските односи и интервјуто кое премиерот Зоран...

Овој напиток е ХИТ во светот: Се пие 15 дена, намалува 80 отсто од маснотиите

Револуционерниот напиток стана хит во светот поради својата ефикасност. Тајната е во главната состојка – сода бикарбона бидејќи за четири недели го забрзува метаболизмот и...

Николовски : Штип заслужува да е во сигурни раце

Денеска се приклучив на централниот караван на #СДСМ во Штип, со поддршка и промоција на програмата на Д-р Сашко Николов. Само со Сашко Николов,...
- Advertisement -