13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Т. Томов: Големиот проблем на Путин се трите „Д“

Путин ќе победи во март, но иднината на Русија ќе остане нејасна. Путин има огромен проблем со своите елити. Тој има проблем со три Д – “Дом”, “Денги” (пари), “Деца”. Каде се децата на елитата? На Запад. Каде се нивните пари – на Запад. Сè е на Запад. Имотите се надвор, децата се надвор, нивните пари се надвор. Тие извезуваат трилиони. Оваа елита континуирано ја „извезува“ Русија. Можете ли вие, со таква елита, да развиете економија што ќе оди напред? Да, Путин имаше големи успеси во Сирија, воено-индустрискиот комплекс создаде многу силна војска, но иднината на Русија е во прашање, изјави новинарот и пратеник од Бугарската Социјалистичка Партија, Тома Томов, изјави за бугарската телевизија БТВ.
“Никој не може да каже што ќе се случи во Европа, додека нема стабилна влада во Германија. Во моментов имаме еден силен лидер во лицето на Емануел Макрон. Треба да почекаме Ангела Меркел да изгради една функционална влада и тогаш да мислиме за решавање на европските проблеми, додава тој.
Во однос на Балканот, познатиот бугарски новинар изјави дека не е преголем оптимист за иднината на нашиот регион.
“Јас сум песимист за иднината на Балканот. Тука е акумулирана многу историја. Ние треба да и’ помогнеме на Македонија. Тоа е така, но работите се многу сложени. Турција е осудена да биде голема сила. Бугарија треба да се сообразува со Турција. Смешно е да мислиме дека Бугарија може да биде  посредник меѓу Турција и Европа”, скептичен е Томов.

поврзани објави

Последни објави