fbpx
24.8 C
Skopje

Меркел во телефонски разговор со Ципрас се интересирала за односите со Турција

АКТУЕЛНО

Денеска канцеларката на Германија, Ангела Меркел побарала да разговара по телефон со грчкиот премиер Алексис Ципрас – во пресрет на посетата на Турција, која започнува во вторник, објавува електронското издание Ekathimerini, повикувајќи се на информации од агенцијата ANA- MPA.

Меркел побарала да биде запознаена со официјалната позиција на Атина за грчко-турските односи во светлината на тензиите меѓу двете земји, која се покажа во последните денови. Германскиот канцелар инсистирала да биде информирана и за напредокот постигнат во тековните разговори за повторно обединување на островот Кипар.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -