fbpx
14.8 C
Skopje

Мијалков го смируваше својот адвокат и обвинителка Ленче од СЈО: Не се карајте, нервозата е лош советник

АКТУЕЛНО

Порталот СДК.МК информира дека обвинетиот во „Тврдина – Таргет“ Сашо Мијалков на денешното рочиште во кој тој е обвинет за злосторничко здружување за масовно нелегално прислушување, ги смирувал обвинителка од СЈО Ленче Ристоска и неговиот адвокат Петар Василев.

 

„Немојте да се карате, нервозата е лош советник“, ги смируваше обвинетиот за злосторничко здружување за масовното нелегално прислушување Сашо Мијалков обвинителката од СЈО Ленче Ристоска и неговиот адвокат Петар Василев. Тие влегоа во вербална расправија околу правото за приговор на воведен говор на обвинител, за кој Ристоска тврдеше дека во Законот за кривична постапка нема такво нешто.

Сашо Мијалков се изјаснил дека не се чувствува за виновен, а следното рочиште е закажано за 13 септември, со сослушување на сведоци на СЈО.

Прочитајте го целиот напис на СДК – ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -