fbpx
28.8 C
Skopje

Милошоски побара јавна дебата за договорот за добрососедство со Бугарија

АКТУЕЛНО

Пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ќе испратат писмо до премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров со кое ќе бараат вклучување во договорот за добрососедство со Бугарија.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, договорот мора да дојде пред пратениците бидејќи тие се народни избраници, но побара и јавна дебата.

Тој истакна дека со ова се става на тест транспарентноста на Владата.

Милошоски не одговори директно дали добиле одговор на вчерашното писмо во кое е потписник заедно со Илија Димовски, Владимир Ѓорчев, Трајко Вељаноски, Никола Попоски и Емил Димитриев.

 

Александар ТодескиА1он

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -