fbpx
19 C
Skopje

Милошоски: Пред избори зборевте за минимална плата, а сега гледаме дека платформата е минимална уцена за некој да ја исполни личната амбиција да дојде на власт и да се спаси од судскиот процес

АКТУЕЛНО

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на денешната седница побара стенгорам за да се види кои се барањата и зошто пратениците од СДСМ ги негираат. Проблемот според Милошоски не е во луѓето кои протестираат, туку кај оние кои после избори прифатиле платформа за која граѓаните на Република Македонија не гласале на избори.

„Ако господинот Зоран Заев лаже дека не постои договорена и прифатена платформа од Тирана, господинот Ејуп Халими не лаже. Ако госпоѓата Шекеринска лаже дека нема разговори за резолуција, за осуда на наводен геноцид врз Албанците, господинот Ејуп Адеми не лаже. Ако господинот Заев лаже дека не е разговарано за менување на Устав, на Закон, на територијална реорганизација, кантонизација, господинот Зијадин Села не лаже“, рече Милошоски.

Немаме против, додаде Милошоски, никој да има своја платформа, но имаме против кукавички да ја подметнува после избори.

„Ако сакате платформата да биде верификувана, за неа да се разговара и да биде дел од проектите на било која идна влада или Собрание, излезете на избори и граѓаните нека се изјаснат. Не го лажете народот после избори. Пред избори зборевте за ефтина струја, а сега зборите за скапа платформа. Пред избори зборевте за минимална плата, а сега гледаме дека платформата е минимална уцена за некој да ја исполни личната амбиција да дојде на власт и да се спаси од судскиот процес“, истакна тој.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -