fbpx
36.8 C
Skopje

МНР: Соседите да се занимаваат со своите проблеми, а не со Македонија

АКТУЕЛНО

Министерството за надворешни работи со реакција за последните коментари на албанскиот премиер Еди Рама и на други политичари од регионот во врска со политичките случувања во Република Македонија.

„Во Македонија има избрани претставници од граѓаните и тие се единствените легитимни фактори во носењето одлуки. Би било добро кога македонскиот концепт на мултикултурна интеграција во општеството базирано на европски вредности би го применувале и соседните земји. 

Политичарите од соседството кои упорно се обидуваат да го оттргнат вниманието од проблемите дома, со потпалување оган кај соседи одат спротивно на европските вредности. Секако дека им е најпривлечно да се занимаваат со соседни земји во услови кога тешко им оди со реалните потреби на граѓаните во сопствената земја. Сепак, за сите ќе биде најдобро да се посветат на реформите што им се толку многу потребни пред да мечтаат за лидерство и да креираат поделби во регионот. 

Немаме посебна намера да се впуштаме во анализи на тоа кој се се вмешува и за каква цел. Би ги упатиле сите заинтересирани страни да ја почитуваат македонската сувереност и изразената волја на граѓаните. Тие се единствените надлежни да носат одлуки за државата“, стои во реакцијата на МНР.

Македонија останува посветена на своите цели и принципи додаваат од МНР.

„Праксата ни докажа дека добри решенија за земјата мора да потекнуваат од интересите на нашите граѓани. Таквиот став е и во функција на европската интеграција на земјата. Само суверена, ефективна и ефикасна Македонија може да придопнесе во проектот кој е масовно поддржан од македонските граѓани“, се наведува во реакцијата од македонското МНР.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -