fbpx
21.8 C
Skopje

Најава: Интервју со аналитичарот Александар Генчов

АКТУЕЛНО

Александар Генчов, поранешен партиципент во безбедносните структури во земјата и еден од основачите на НАТО движењето во Македонија, своевремено Државен советник за НАТО во Министерството за одбрана, аналитичар кој во континуитет ја следи состојбата и случувањата во Македонија и во светски рамки, во интервју за нашиот портал „Поглед.мк“ зборува за македонско – албанските односи и меѓуетничките релации, за најгорливото прашање, деценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција, за пописот, за тоа дали македонците ќе станат малцинство во Македонија и дали македонизмот може да ги спои двата народи, македонскиот и грчкиот.

 

Г-дин Генчов е одличен соговорник чии што ставови секогаш предизвикуваат лавина од реакции и коментари во општеството.

 

– Прво треба да ни стане јасно на сите нас дека ние преговараме за името заради НАТО и ЕУ. Ако некогаш има референдум како демократски терк треба населението да се праша, дали НАТО И ЕУ СЕ СИСТЕМ ДОВОЛНО КОМЕПНЗАЦИОНЕН ЗА МЕНУВАЊЕ НА нашиот идентитет. Да, за нашиот идентитет, бидејќи да не се лажеме, ние не преговараме веќе само за името. Далеку од тоа.

Ние преговараме и за нашата идентификација како македонци. И тоа не го правиме по своја воља. Принудени сме заради членството во овие институции. Ниеден жив македонец не сака промена на име, на идентитет. Други се политичките механизми преку кои сме принудени да оставиме впечаток како за тоа доброволно да преговараме.

 

Овие преговори се случуваат во време кога македонскиот национален имунитет и капацитет е сведен на најниско можно ниво. Никогаш апатијата кај македонците не била поголема. Никогаш почесто не сме ја слушале реченицата … “НЕ НЕ БИВА“… Никогаш порано националната кауза не била послаба, никогаш порано вољата од национален аспект не била помала, вели Генчов во интервју за „Поглед.мк“.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА ГОСПОДИН ГЕНЧОВ ЗА ПОГЛЕД.МК МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -