fbpx
19.8 C
Skopje

Најавени реформи во пензискиот систем

АКТУЕЛНО

Министерството за труд и социјала од утре ќе започне сеопфатна анализа на резултатите од воспоставениот пензиски систем со трите столба, а велат дека состојбите ќе се знаат откако ќе се разработат податоците добиени од фондовите ПИОМ и МАПАС.

До ова дојде откако Народниот правопранител објави дека 314 лица се оштетени преку доброволниот столб и дека сите институции биле запознаете со тој проблем.

Како што најави ресорниот министер Ибрахим Ибрахими, најверојатно станува збор за број кој нема да предизвика поголеми потреси во пензискиот систем и дека ќе се предложат измени, за на крај никој да не биде оштетен. Според Ибрахими, сите реформи што ќе се преземат ќе бидат во насока на заштита на оние што сметаат дека моментално се оштетени.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -