4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Најлудата УФЦ борба: Нурмагомедов го скрши Мекгрегор, потоа настана хаос – сите се срамат од она што се случи на крајот

Хабиб Нурмагомедов со давење го победи Конор Мекгрегор и ја одбрани титулата во лесна категорија во УФЦ, но веднаш по борбата се случуваа неверојатни сцени кои немаат допирна точка со спортот.

Борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор беше најавена како најголемата досега во историјата на ултимејт фајт шампионатот. На главниот настан претходеа серија на прес конференции во кои главната улога ја имаше ирскиот борец.

Конор Мекгрегор со серија провокации, дури и на верска основа успеа да ја загрее атмосферата многу повеќе отколку што треба. Хабиб не беше гласен до почетокот на борбата, но во октагонот, а и надвор од него збесна.

Борецот од Дегестан доминираше, во еден момент односот на значајни удари беше фантастични 57:3. А клучниот момент се случи во четвртата рунда кога Хабиб со давење го победи Мекгрегор.

А по борбата настана вистински хаос, емоциите го победија разумот, Хабиб излезе од октагонот и го нападна џиуџицу тренерот на Конор, Дилон Дејнис. Настана општа тепачка која беше смирена, но не и страстите.

Мекгрегор беше испратен во соблекувалната со големо обезбедување. Хабиб во октагонот го бараше појасот, но не му беше доделен на сцената пред публиката во Лас Вегас која во најголем број навиваше за Ирецот. Му беше речено дека ќе го добие внатре, па и тој со обезбедување беше внесен.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт потврди дека тројца од тимот на Хабиб се уапсени и однесени во затвор.

поврзани објави

Последни објави