fbpx
37.8 C
Skopje

Нимиц: Сега е време да разговараме за некои основни концепти

АКТУЕЛНО

Сега е време да разговараме за некои основни концепти, пред да одиме кон предлози – вели медијаторот Нимиц за Независната балканска новинска агенција, по средбата со Коѕиас во Брисел.

Специјалниот претставник во разговорите меѓу Македонија и Грција, вели дека новата македонска влада има желба да ја реактивира надворешната политика во регионот и очигледно и прашањето со името, кое како што вели Нимиц, е важна пречка на патот до европска интеграција, до членство во НАТО.

Бев во Скопје, сега разговарав со министерот за надворешни работи Коѕиас, и ќе бидам во контакт со страните во следните месеци и ќе развиеме нов план за да одиме напред“, вели медијаторот кој не знае каде точно би била следната средба, потенцирајќи дека исто така се користи и модерната технологија. Нимиц, и од Брисел во интервјуто за Независната балканска новинска агенција, го повторува она што го кажа при посетата на Скопје, дека не доставил нов предлог.

Постоеа предлози во минатото и мислам дека сега е време да разговараме за некои основни концепти пред да се насочиме кон предлозите, вели Нимиц.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -