10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

ОБСЕ: Турција е должна да ги ослободи уапсените новинари

Турција треба да преземе мерки за заштита на слободата на медиумите и да ги ослободи новинарите од весникот „Џумхуриет“, кои се уапсени под сомнение за поддршка на терористички организации, изјави денеска претставникот на Органзиацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Арлем Дезир.

Поради процесот, што денеска почна, против 19 новинари на опозицискиот весник „Џумхурует“, Дезир апелира до Турција да ги повлече обвиненијата, да ги ослободи сите новинари, кои се затворени бидејќи ја извршувале својата работа и да иницире неопходни реформи за заштита на слободата на медиумите.

Дезир посочи и дела ОБСЕ одлучно го осудува минатогодишнито обид за државен удар во Турџција и оти ја разбира потребата за борба против тероризмот и заштита на националната безбедност, но оценува дека тоа треба да се прави согласно заштитата на основните слободи, вклучително и слободата на изразување.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави