fbpx
21.8 C
Skopje

Од која планета е Хери Кејн?

АКТУЕЛНО

Хери Кејн ја игра сезоната на својот живот и ако вака продолжи следната Златна топка ќе биде негова.

Просто човек да не верува со каква леснотија Кејн постигнува голови, а во денешниот натпревар против Саутмептон постигна три гола и во 2017. во 50 натпревари постигнал дури 55 голови.

Повеќе и од Лионел Меси, кој постигна 54 голови на 64 натпревари, но и Кристијано Роналдо, кој за 59 настапи постигна 53 гола, колку што даде и играчот на Баерн Роберт Левандовски во 55 натпревари, додека Едисон Кавани во 62 настапи има постигнато дури 53 голови.

Значи, Кејн е најдобриот стрелец во светот за 2017. година, го сруши 22 годишниот рекорд на Алан Ширер, па во календарската година постигна 36 премиерлигашки голови.

Тој даде шест хет-трика во Премиер лигата, што е повеќе од било кој друг играч, а кога на ова ќе додадеме дека два пати е прогласен за најдобар играч на месеот и дека имаше вкупно 8 хет-трикови и 10 асистенции, тогаш знаете за каков мајстор станува збор.

Кејн во Тотенхем дојде во 2009. година како тинејџер од Ватфрод.

Во минатата сезона постигна вкупно 35 голови, а во сезоната 2014/15 31 погодок. Како сезоните поминуваат, Кејн е се подобар и тешко е дека после овие негови успеси, ќе остане член на Тотенхем.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -