fbpx
16 C
Skopje

Од НЛБ тврдат: Клиентите немаат потреба да се грижат за своите средства

АКТУЕЛНО

Генералниот директор на НЛБ банката, Антонио Аргир на денешната прес-конференција истакна дека нема потреба за загриженост кај нивните клиенти, бидејќи нивните средства се на сигурно.

Вработен со иницијали Б.С. од трезорот на банката украл 3 милиони евра, а околу овој случај едно лице е уапсено.

„Дефинитивно нашите клиенти не треба да се грижат за своите средства, ниту за функционирањето на банката. Нашите колеги ќе ги пребродат овие работи и ќе продолжат понатаму. Како и секоја институција, така и ние ги имаме осигурано секојдневното работење на банката и ќе нема никакви последици на банката ниту во работата со клиентите“, истакна Аргир.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -