fbpx
17.8 C
Skopje

Од запуштени и мрачни станови до кралски дворец – Војвотката Меган имала тежок живот

АКТУЕЛНО

Од мрачни и запуштени станови во САД , па се до дворецот во Лондон , Меган не живеела лесно пред венчавката со принцот Хари.

Меган Маркл сега е војвотка , но низ животот се пробивала на тежок начин. Со мајка и како дете живеела во мрачен и стар стан во Лос Анџелес , кога никој не можел да претпостави дека само по 30 години ќе живее во кралски дворец.

Еден период живеела со полубратот Томас и полусестрата Саманта во нефункциоанлно семејство , кога нејзините родители цело време биле под дејство на лесни дроги. Сепак Меган од најрана возраст се школувала во приватни училишта чија цена изнесувала од 19 до 27 илјади долари годишно. Кога мајка и банкротирала со продавница за подароци , Меган живеела во мал стан со татко и.

Откако се запознала со филмскиот продуцент , Тревор Енгелсон , кој подоцна и станал сопруг , живеела со него во озлогласен кварт во Холивуд . Живеела позади стриптиз бар се до 2011 , кога се преселила во Торонто поради снимање на Тв серија.

Таму живеела две години со познат готвач во неговата куќа , додека не го запознала принцот Хари во 2016. Од тогаш почнува сонот на Меган , која во мај стана британска војвотка од Сасекс.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -