fbpx
18 C
Skopje

Османи: Џафери е кандидат за претседател на Собранието на парламентарното мнозинство

АКТУЕЛНО

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи во изјава за ТВ21 потврди дека по внатрешните анализи во ДУИ, но и по консултациите со другите политички партии, било одлучено кандидатот на ДУИ, но и на парламентарното мнозинство за претседател на Собранието на Република Македонија да биде Талат Џафери.

„Тој е еден од пратениците со најмногу искуство во Парламентот и како координатор на пратеничката група неколку мандати по ред и како поранешен министер за одбрана, сметаме дека ефикасно ќе ја извршува обврската на претседателот на Парламентот во услови на големи дивергенции во Парламентот. Ова исто така е и едно од ветувањата на ДУИ кое што се реализираше, а тоа е една од трите челни функции на државата да ја раководи Албанец,“ вели Османи во изјава за ТВ21.

Османи вели дека следната недела ќе започне процедурата за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -