fbpx
19.8 C
Skopje

Пет производи кои можат да обезбедат одлично здравје

АКТУЕЛНО

Кога се зборува за здравјето, имунитетот и се што е потребно за тоа да се одржи, повеќето луѓе не сакаат да слушаат, мислејќи дека се во прашање исклучително комплексни совети. Но постојат шест производи кои можат да обезбедат долг живот и одлично здравје.

Зелениот зеленчук со листови, како што е салатата или блитвата, треба да се јаде почесто, по можност секој ден барем двапати. Овој зеленчук е богат со здрави состојки кои спречуваат голем број болести, вклучувајќи ги и најопасните.

Зрнестото овошје го има во многу бои, бидејќи содржи антиоксиданси, како што е флаваноидот. Истражувањата докажале дека зрнестото овошје ја зголемува мозочната сила, спречува појава на рак и го намалува крвниот притисок.

Семките од тиква, сончоглед или било кои други, се исклучително здрави производи. Тие се богати со белковини и минерали. Мнгу од нив содржат омега 3 масни киселини, калциум, железо и цинк. Посебно се истакнува ленот, кој им се препорачува на жените, имајќи предвид дека неговите состојки спречуваат разни женски болести.

Сите видови кромид можат да се наречат „супер храна“. Лукот има висока концентрација на флаваноид, кој одлично влијае на имунитетот и спречува создавање на најразлични видови болести. И белиот и црвениот кромид имаат соединенија кои делуваат антиканцерогено, а кај луѓето кои имаат рак го спречуваат создавањето на нови канцерогени клетки.

Боранијата и грашокот се хранливи густи јаглени хидрати кои имаат многу влакна. Тие го стабилизираат шеќерот во крвта, а многу истражувања покажуваат дека грашакот може да го намали ризикот од рак на дебело црево, како и други видови на канцер.

Брокулата која е богата со витамин А, но и која содржи богат извор на витамини од групата Б како: Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б9, а е исклучително богата со растителни влакна и фитохемикалии.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -