fbpx
-1 C
Skopje

Петковски: ВМРО-ДПМНЕ треба да заврши на буништето на историјата

АКТУЕЛНО

Љубчо Георгиевски: Се чувствувам како македонец и како ништо друго

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели...

Вучиќ до криминалците: Готови сте, еден нема да толерирам, сите ќе ве уапсиме

По завршувањето на седницата на Советот за национална безбедност, беа прикажани фотографии со вознемирувачkaa содржинa каде се прикажуваат тешки докази. Клучните докази против криминалните групи...

Христијан Мицкоски од инфективна клиника: Тешко дишам, а главата ми пука од температура

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на фејсбук од инфективна клиника: По криминални и украдени избори, злоупотреба на вонредна состојба, масовен поткуп, притисоци,...

По барањата за воведување рестриктивни мерки, се огласи и Филипче: Не е исклучена можноста за воведување на рестриктивни мерки идната недела

Засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но можноста за такво нешто не е исклучена, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Како што...

Претседателот на НСДП, Тито Петковски денес во својата изјава истакна дека граѓаните не смеат да заборават на причините за организирање на предвремените парламентарни избори, а тоа е излез од политичката криза,за која како што вели самиот тој, главен виновник е ВМРО-ДПМНЕ.

Петковски додаде дека Македонија треба да состави влада без ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, а нив да ги испрати на вистинското место, по судовите и на буништето на историјата.

„Граѓаните на Република Македонија во ниту еден момент не смеат да заборават на причините за организирање на предвремените парламентарни избори – излез од повеќегодишната политичка криза во која Македонија ја втурна ВМРО-ДПМНЕ. Доколку успее да формира нова влада со старите партнери, тогаш политичката криза наместо да се надмине, драстично ќе се продлабочи. Само недоветни може да помислат дека оние кои ја доведоа земјата во криза можат и да ја избават од неа и да трасираат пат за долгорочен развој на Македонската држава и општество. Не смее да се заборави фактот што пред очите на пошироката јавност беа обелоденити низа скандали на досегашната власт, поврзани со криминал и корупција.

И после се, доколку тие останат на власт, за очекување е да се фокусираат прес се на попречување на правдата и избегнување на кривична одговорност, а не на реформи, економски развој и демократизација на мекедонското општество. Моралниот императив, на кој како граѓани треба да бидеме подчинети, ја налага потребата од утврдување на вистината за масовната злоупотреба на власта.

Само болни умови и непоправливи криминалци можат да веруваат дека вистината и правдата како фундаментални вредности можат да бидат поништени со вољата на граѓаните на избори. И да е точно тоа дека доби најмногу гласови на избори како партија, мора да се знае дека “народот” е потчинет на моралниот поредок кој не произлегува од вољата на народот. Политичарите од власта се таму за да и служат на вистината и правдата и во никој случај тие вредности не смеат да бидат поразени на избори со гласачки ливчиња, па макар биле и најдемократски одржани.

Народот како и сите други управувачи е дел од моралниот поредок и нему му е потчинет. Крајно неморален и суров е обидот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ своите избирачи да ги прикаже како криминогени и криминални умови, кои давајќи им го својот глас за него и неговата партија, практично го одобруваат неговиот криминал и корупција. Класичен заложнички однос меѓу гласачите и партијата на власт, кој е речиси идентичен со федудалниот однос од средниот век.

Сите овие години на владеење ВМРО-ДПМНЕ функционираше како параполитичко братство. Односите меѓу браќа, сестри, не почиваат на принципите на политичко делување, туку на роднинските врски.

Општо познато е дека во институциите на државата доминираат роднински врски, од типот братучеди, сватови, синови, ќерќи, баџанаци и сл. Кај нив политичките односи се заменети со побратимство. Во ништо не се разликуваат од принципите со кои се оргнизира, раководи и делува мафијата. Тоа е свет на беззаконие, строга дисциплина и работа 24/7. Просто е несфатливо како луѓе со мошне скромно културно и образовно ниво, изопачен морал успеаа да ја заробат државата.

Агресивноста и примитивизмот го вгнездија длабоко во секојдневниот живот и во политиката. Културниот примитивизам што го наметнаа е основната причина за нашата фрагментација и само изолација.

На Македонија во овој момент и е неопходна сериозна општествена катарза и соочување со злосторствата направени во име на сопствениот народ, за да никогаш повеќе не се повтори. Заедничка цел на сите прогрсивни сили во државата е демаскирање и демонтажа на овој политички монструм, кој ја фрли земјата во најголемата криза од нејзиното постоење. Тие луѓе немаат правен, политички и морален кредибилитет да се претставуваат како соговорници и борци за излез од кризата. Да биде иронијата уште поголема, бараат дури и заедничка посветеност и од другите политички субјекти. Да имаат барем малку доблест, не смееја ниту да помислат да се позиционираат на изборните листи, а не пак сега да бараат мандат и да се позиционираат повторно на врвни државни функции. Македонија треба час поскоро да направи влада без ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, а нив да ги испрати на вистинското место, по судовите и на буништето на историјата“, изјави Тито Петковски, НСДП.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Неделен хороскоп: Љубовен занос за овој знак, а овој знак ќе добие голема материјална добивка

Овен 21.3-20.4. Љубов: Во никој случај не можете да го достигнете она кон што се стремите во љубовта, но барем немојте да се борите со...

Љубчо Георгиевски: Се чувствувам како македонец и како ништо друго

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели...

Земјотрес во Македонија – ноќеска се тресеа овие градови во земјава

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22:43 часот е почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово, соопшти денеска Сеизмолошката...

И докторите заплакале: Оваа потресна фотографија крие приказна која никогаш нема да ја заборавите

Брачниот пар Дон (84) и Маргарет (80) биле во брак 59 години, тие во август оваа година починаа заедно држејќи се за рака. На вработените...

По Задушница доаѓа големиот празник: Што треба да направи секој верник?

Прочка, кој доаѓа по Задушница, претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Празникот Прочка или Велики...
- Advertisement -