fbpx
18 C
Skopje

Почина градската легенда на Тетово – сликарот Љубомир Аврамовски Шапшо

АКТУЕЛНО

„Градска легенда, големо боемиште и уметник“ – вака Тетовчани го опишуваат нивниот сограѓанин, сликарот Љубомир Аврамовски Шапшо.

Шапшо е сликар со над 500 слики, познат по неговите изложби на слики од Тетово, но и од многуте по различни кафеани, ресторани. Во минатото бил самостоен референт за извоз во „Тетекс“. Неговите мотиви за да се занимава со сликарството се тетовските сокаци, маала, цркви. Тој има слики посветени на на тетовски старини – ѓугум, столна ламба, земјен бокал, котле, ковчеџе, бинлок, разни домашни амбиенти со симболи и славски колачи.

Над 20. од неговите слики се откупени во странство: САД, Германија, Чешка, па дури и во Австралија. Тој има над 20 самостојни изложби.  Првата самостојна изложба ја има одржано 1992 година во ресторан Боем.

Беше роден во септември 1948. Шапшо почина на 68. годишна возраст.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -