Хрватската пејачка Северина за најлудата вечер во годината пееше во Црна Гора. Таа во интервју за „Радио Бар“ прв пат оваа година одговори на сите прашања за наводните здравствени и семејни проблеми, за кои се пишуваше во сите регионални медиуми.
„Јас не читам вести веќе пет години. Една колешка многу порано се „исклучи“. Кога разбрав дека таа навистина добро живее, без да биде оптеретена со тоа што се пишува, одлучив и јас истото да го направам. Има многу лоши наслови кои навистина допринесуваат луѓето да неможат да создадат вистинска слика за нештата, а мислам дека има многу книги и филмови на кои би можеле да го потрошиме нашето време“, рече Севе.
Таа истакна дека е задоволна од 2016 година.
„Слушам дека многумина се жалат од 2016 година, но неможете во секоја година да имате се што посакувате. Мене, оваа година ми беше посебно драга. Го имам човекот на мојот живот до мене. Уживав со детето, својата фамилија, имав многу концерти… годината беше сосема солидна“, додаде Северина.