Најмладиот од браќата и сестри Рокфелер, милијардерот Дејвид почина утрово во својот дом, на 101 годишна возраст, информираше портпаролот на фамилијата.
Дејвид Рокфелер беше најмладиот помеѓу вкупно шест браќа и сестри и последен жив претставник на генерацијата Рокфелерови. Роден е на 12 јуни 1915 година.
Се до денес, Дејвид беше на чело на фамилијарната империја и раководеше со познатата банка „Chase Manhattan bank“ како и нафтената компанија „Standard Oil“.
Пред две години ја имаше шестата трансплантација на срце. Неговото богатство се проценува на 3,3 милијарди долари.