7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Денес се одбележува светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Светот денеска го одбележува денот на лицата со Даунов синдром, 21 март е симболично одбран датум поради трите копии на 21. хромозом (трисомија) што се присутни во клетките на лицата во оваа состојба.

Дауновиот синдром е хормозомопатија која се јавува на 21 хромозом и кај лицата со оваа болест наместо два има три хромозоми. Годинава заеднички чинител на сите земји што се вклучуваат во кампањата по повод Светскиот ден на Дауновиот синдром е носењето шарени чорапи.

Oвогодинешниот ден на лицата со Даунов синдром беше одбележан со повеќе активности

Одбележување на светските денови на Орално здравје и Даунов синдром со „Д-р Нина“ стоматолошка ординација во меѓународното училиште QSI. Настанот вклучуваше едукативен дел, работилница, дружење, музика и многу забава.

Свечено отворање и одбележување на светскиот ден во Кинотека на РМ WDSD Global Video Event и неколку кратки видео записи, промовирање на фотографската изложба на Огнен Теофиловски,  презентации – Центар за Даунов синдром, асистивни технологии и апликации, презентација на видеото на УНИЦЕФ во кое се јавува Нина Костовска и коктел.

поврзани објави

Последни објави