Демократската сенаторка и член на Одборот за правда, Дајен Фајнштајн тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе поднесе оставка, пренесува Индипендент.
Таа на протест во Лос Анџелес сугерирала дека Трамп ќе поднесе оставка пред да биде присилен да замине од власта. Истовремено додаде дека знае повеќе отколку што може да каже во моментот.
„Знаеме дека секојдневно ги крши законите. Тој очевидно има договор со Русија. Има толку работи кои тој ги прави, а што се неуставни. Како ќе го собориме?“, запраша таа, повторувајќи дека голем број луѓе ги истражуваат тие случаи.
„Мислам дека тој самиот ќе си замине“, рече Фајнштајн.
Единствениот американски претседател кој поднел оставка е Ричард Никсон поради скандалот „Вотергејт“.