-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Барние: Преговорите за Брегзит да се комплетираат до октомври 2018

Шефот на преговарачкиот тим на Европска унија за Брегзит, Мишел Барние изјави дека ќе настојува преговорите со Британците да се комплетираат до октомври 2018 година.

Поранешниот еврокомесар оцени дека забрзаните преговори се потребни, за да се обезбеди доволно време, постигнатиот договор со Владата во Лондон, да биде ратификуван од сите 27 земји членки, пред формалното заминување на Велика Британија, што според членот 50 од Лисабонската спогодба, би требало да случи на 29 март 2019 година.

Британската Влада соопшти дека покренувањето на процесот за Брегзит ќе се изврши на 29 март годинава, а дека предлог основите за нејзините преговарачки позиции со Брисел ќе бидат обелоденети неколку денови потоа.

Во седиштето на Унијата, денеска беше објавено дека на 29 април ќе бида органзиран специјален Самит на ЕУ, на кој ќе се расправа за Брегзит и за усогласувањето на насоките за преговарачкиот тим на Барние меѓу сите земји членки.

Се очекува, официјалните преговори меѓу Велика Британија и ЕУ да почнат после овој самит и по завршувањето на вториот круг од француските претседателски избори, предвидени за седми мај.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во посебно соопштение изјави дека се настојува процесот на раздружување меѓу Лондон и Брисел да помнне колку што е можно побезболно за Европската унија.

поврзани објави

Последни објави