7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

СДСМ: Мора да се почитува мнозинската волја на 700.000 граѓани изразена на избори

СДСМ преку соопштение на својата страна објави дека волјата на 700.000 граѓани е преточена во 67 пратенички мандати, што мора да се почитува.

Целото соопштение на СДСМ:

Волјата на 700.000 граѓани преточена во 67 пратенички мандати мора да се почитува.
Демократско право на граѓаните е да ја изберат својата Влада и тие на кредибилни избори се изјаснија за промени, правда и заедништво.

Република Македонија има парламентарно мнозинство, како што предвидува Уставот.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, зад кого застанаа 67 пратеници во Собранието на Република Македонија веќе ја објави Програмата на новата реформска Влада, којашто го штити унитарниот карактер на државата, гарантира владеење на правото, обезбедува решенија за потребите и проблените на сите граѓани и ги отвора евто-атланстките перспективи на Република Македонија.

Неопходен е мирен трасфер на власта, низ институциите на системот, формирање на Комисијата за избори и именувања, продолжение на конститутивната седница на Собранието на којашто ќе се избере нов претседател на Собранието, мандат за мандатот за формирање нова Влада и нова Влада, затоа што тоа е мнозинската волја на граѓаните на Македонија.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Велјаноски, Ѓорге Иванов не смеат да ги кочат демократските процеси и да не ја почитуваат демократски изразената волја на граѓаните, на избори!

Порачуваме дека демократските процеси се незапирливи.
Следува брза разврска на политичката криза.

поврзани објави

Последни објави