7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Координацијата за Комисијата за прашања на изборите и именувањата е презакажана за утре

Координативната средба на претставниците на парламентарните групи за утврдување на предлогот за составот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, што требаше да продолжи попладнево во 15:30 часот, е презакажано за утре во 11 часот.

Според учесниците на координацијата, причина за одложувањето е тоа што нема поместување во ставовите. Денешната расправа траела околу два часа, по што била побарана пауза. Имало предлози средбата да продолжи доцна вечерва, но некои од учесниците не се согласиле.

На вчерашната координација претставниците на парламентарните групи го договорија бројот на членовите со кои ќе бидат застапени во Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Согласно договореното, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса да бидат застапени со по еден член.

поврзани објави

Последни објави