6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Брегзит ќе ги присили големите авиокомпании од Велика Британија да се преместат во ЕУ

Големи авиокомпании како EasyJet, Ryanair, British Airways, по Брегзит, ќе треба да ги преместат своите централи од Велика Британија во ЕУ, ако сакаат да продолжат да летаат во Европа, соопштува The Guardian.

Директорите на компаниите биле предупредени од високи лица во ЕУ, дека треба да имаат база на територијата на Унијата, ако се уште сакаат да функционираат во внатрешните линии на истата. Најверојатно фирмите ќе се усогласат со барањата, што ќе доведе до сериозни економски загуби за Велика Британија.

Ваквите предупредувања од ЕУ, можат да ја натераат Велика Британија да реагира со остри мерки кон европските авиокомпании кои имаат линии до Лондон, пишува The Guardian.

За компании како easyJet и Ryanair европските правци претставуваат суштински дел од нивниот бизнис. Некои веќе почнаа да бараат соодветни централи на континентот и се обидуваат да засноваат поседување на удели и акции во ЕУ. Други се уште се надеваат дека односите Брисел-Лондон ќе задржат одредена флексибилност.

поврзани објави

Последни објави