Уредничката на телевизија НОВА, Василева Трендафилова, денеска заедно со своите колеги од телевизијата протестираа пред седиштето на ЗНМ.
Таа го повтори ставот дека СЈО со случајот на Кочан сака да направи удар врз ТВ НОВА, ги повика и новинарските здруженија да ја поддржат телевизијата.
„Очекуваме да престане молкот од ЗНМ кои после една недела немаат никаков став, со притисоците со кои се соочува нашиот медиум. Ова зад нас е мобилното брендирано возило на телевизија НОВА, кое симболично почнува од пред ЗНМ а во текот на наредните денови на различни локации ќе се упатува и ќе информира за случајот со телевизија НОВА.
Одбраваме мобилно студио за да бидеме поблизу до граѓаните. Ние сме во служба на граѓаните. Новинарството не е криминал, туку професија која треба слободно и демократски да ја работиме и тоа е загарантирано со сите конвенции, со Европската конвенција за човекови права“, вели Василева Трендафилова.
Трендафилова потсети и дека во текот на вчерашниот ден, уредничкиот тим на ТВ НОВА се обиде да стапи во контант со еврокомесарот Јоханес Хан и да му ја објасни состојбата, меѓутоа тој немаше време да ги сослуша.