23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Четири смртни случаи, 20 повредени, еден осомничен – потврди британската полиција!

Британската полиција потврди четири смртни случаи при денешниот напад пред британскиот парламент.

Потврдени се и 20 повредени, а засега осомничен е само еден напаѓач додека трае истрагата.

Стотина луѓе се евакуирани а се уште се работи на утврдување на мотивот за нападот, за да се расчисти дали станува збор за изолиран инцидент или терористички напад.

На фотографијата може да се види осомничениот напаѓач кој прободел полицаец во седиштето на парламентот, а кој беше застрелан од страна на полицијата.

Градоначаликот на Лондон, Садик Кан изрази благодарност до безбедносните служби за брзата реакција и за гарантирање на безбедноста на сите кои во тој момент биле во реонот каде што се случил нападот.

Бирото за безбедност на САД изрази жалење за жртвите чии идентитет се уште не е утврден и соопштија дека се отворени за соработка при истрагата.

Нападот, за кој се уште не е јасно како се случи, се одвиваше попладне околу 16 часот по британско време, кога одеднаш вооружени сили се појавиле насекаде пред парламентот а полицијата добила инфорамции и дека непосредно на мостот Вестминстер автомобил влетал во неколку луѓе.

поврзани објави

Последни објави