Фудбалерот на Лестер, Ријад Марез минатата сезона беше прогласен најдобар фудбалер на Премиер лигата, па и покрај бројните понуди се одлучи да му остане верен на клубот и во текот на оваа сезона.
Сепак, повеќе од јасно е дека „лисиците“ не можат да го задржат Марез за кого има повеќе заинтересирани тимови, па прашање е кој ќе ја има најдобрата тактика и ќе го обезбеди потписот на играчот.
Во игра се Јирген Клоп и Ливерпул, кои се подготвени да платат висока сума за играчот, додека пак Венгер го гледа Марез како замена за Алексис Санчез.
Медиумите во Шпанија пак пренесуваат дека крилниот играч е мета и на Барселона, а самиот играч преферира да направи трансфер на „Камп Ноу“.