16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Герасимовски Општина Центар нема да постапи по ништо околу земјиштето спроти Нова Македонија се додека не добие зелено светло

Општина Центар нема да постапи по ништо околу земјиштето спроти Нова Македонија се додека не добие зелено светло од другите институции, рече денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој гостуваше во утринската програма на телевизија Телма.

Герасимовски детално ја образложи постапката која започнала во општината и која завршила со приватизација направена од страна на Министерството за финансии. Станува збор за две градежни парцели, а тоа е ГП 37,3 со 1038м2 со површина на градба од 750м2 и ГП 37,2 парцела од 832 м2 со површина на градба од 630 м2, коишто се во градскиот четврт Ј07 односно дел од Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно итн.

„Во февруари во општината е доставена иницијатива за изработка за измена на ДУП-от односно спојување на овие две парцели ГП 37.2 и ГП 37.3 која едната е со намена Б5-хотелски комплекс, а другата е А2-домување во станбени згради. Со иницијативата побарано е да истите се спојат во намена Б4-деловни и комерцијални дејности. Ние знаеме дека во таа близина ќе се прави и кружниот тек и булеварот којшто е предвиден со новиот ГУП. Иницијативата е разгледана од Комисијата за урбанизам и истата се прифаќа поради тоа што подобро е на таа парцела да има една маркица којашто ќе оди како деловна комерцијална дејност со Б4 поради тоа што и во самата близина имаме и хотелски комплекс, тука се зградите на Лимак. Следен чекор е изготвување на одобрување на планска програма којашто ќе следи понатаму. Ние тоа ќе го следиме, како тоа ќе тече и ќе видиме што ќе добиеме како сугестија и од ДКСК и ќе видиме како ќе постапуваме понатаму“, изјави Герасимовски.

Иницијативата е веќе прифатена, но се останато како висина, габарит и слично ќе се разгледуваат дополнително, потенцира Герасимовски.

Според него сепак одлуката на Комисијата со спојување на парцелите да се прифати изградба на еден објект е подобро решение бидејќи ако се гради во висина ќе се овозможи многу повеќе зеленило.

поврзани објави

Последни објави