fbpx
4.8 C
Skopje

Каевски и Арсовски на дебата

АКТУЕЛНО

Каевски и Арсовски на ТВ21

Арсовски како портпаролол на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ упати низа прашања и критики до портпаролот на СДСМ Дарко Каевски

Арсовски: Се отвори културен центар Ванчо Михајлов, најавен, каде што целата Влада знаеше, каде што знаеа дека ќе присуствуваат високи државници, а Ковачевски четири дена не можеа да го најдат каде е скриен и да излезе и да даде одговор по однос на тоа прашање. Во однос на прашањето околу Бугарија, единствен пат е евроатланскиот курс и тука нема дилема. И така треба да биде и ќе биде во иднина. Тоа го кажува и ВМРО-ДПМНЕ, драго ми е што и другите партии го искажуваат тоа. Но, никој нема право од власта да разговара за нарушување на националните интереси. Ние заслужуваме да бидеме во ЕУ. Десетици препораки уште од 2010 година ги добиваме. Срамота е да не дознаваме што се преговара и договара со бугарската страна. Срамота е да дознаваме од бугарски политичари и новинари.

Каевски: Што е на штета на граѓаните, што е договорено. Не се преговара за македонски јазик, тоа го кажуваме секојдневно, не разговараме за промена на идентитет. Дали слушнавте негде бугарските челници да негираат македонски идентитет и јазик? Се обидувате да направите паника и на вакви сензитивни теми и прашања, сакате да добиете ситни политички поени. Во вакви услови кога целиот свет се обединува, вие се обидувате да блокирате.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -