16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Досега одмараа, од утре ќе работат: Заврши одморот на пратениците

Одморот завршува, а пратениците конечно ќе се фатат за работа. Имено, утре претставниците на народот во законодавниот дом се враќаат на работните места.

Меѓу првите активности во Собранието од утре се очекува да биде продолжување на работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за изборот на уставните судии за да може што поскоро да се пополнат испразнетите места во Уставниот суд.

На последната координација со новинарите претседателот на Собранието за 13 септември ја најави првата нова редовна седница по одморот,Џафери кажа дека Собранието е функционално, а вината за тоа што околу 80 точки останале неразгледани ја гледа во претседателите на комисиите кои не закажуваат седници.

поврзани објави

Последни објави